Кошаркарите на Филаделфија го победија Мемфис со 129-126 по продолжение изминатава ноќ во НБА лигата. Исклучително израмнет натпревар кој не можеше да донесе победник во текот на регуларните 48 минути, па затоа мораше да се оди во продолжение.
Во последната минута беше изедначено, а двата тима промашија шутеви за победа. Ембиид промаши тројка за Филаделфија, а Алдама и Велс не беа прецизни на другата страна. И во продолжението беше интересно, а победата на Филаделфија ја донесе Еџкомб, додека Хауард ја промаши тројката за продолжение.
Во победничкиот тим се истакна Тајрис Макси со 34 поени и 12 скока, Ембид исто така имаше 34 поени со 10 скока, Еџкомб додаде 25 поени а Џорџ 17 поени.
Од другата страна, Џа Морант беше најефикасен со 40 поени, Кауард 28, Џарен Џексон Џуниор 15 поени и 12 скока, Санти Алдама 15 и Џален Велс 12 поени.
Кошаркарите на Бостон ја победија Јута со 129-119.
Селтиксите до победата ги предводеа Дерик Вајт со 27 поени, Браун имаше 23 поени, Анферни Симонс 20, Пејтон Причард 18, Лука Гарза 15 и Немијас Кета 12 поени.
За Јута, се истакнаа Киџонте Џорџ со 37 поени, Јусуф Нуркиќ со 26 поени, осум скока и осум асистенции, Лаури Марканен со 22 поени и девет скока и Кајл Филиповски со десет поени.
НБА РЕЗУЛТАТИ
Мемфис – Филаделфија 136-139 (128-128)
Јута – Бостон 119-129
ЛА Лејкерс – Детроит 106-128
ЛА Клиперс – Сакраменто 131-90
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

