Вардар го освои трофејот на овогодинешното издание на Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“ откако во големото финале славеше над Баскет Кам во натпревар во кој имаше резултатска контрола 30 минути.
За најкорисна кошаркарска беше одбрна Елена Тасевска, кошаркарката на Вардар која средбата ја заврши 22 поени, девет скокови од кои два во нападот, една асистенција и две украдени топки.
Тоа е второ МВП признание за Тасевска која пак минатата сезона, интересно го предводеше Баскет Кам до титулата во женската лигашка конкуренција со одличен учинок.
„Ова беше еден голем предизик за нас за после многу загубени финалиња да стигнеме до трофеј. Дадовме и повеќе од максимум и стигнавме до посакуваниот успех. Во Купот нема фаворити, се се сведува на еден натпревар. Ние сме екипа која нема искуство, но е желна за борба. Имаме само една искусна кошаркарка, но одиме понатаму уште посилно.
Мило ми е за трофејот, не ни размислував за МВП признанието. Ова е само почеток“, изјави Тасевска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА