Репрезентацијата на Србија во голем стил стигна до ново злато во светската одбојка откако во големото финале го декласираше Бразил со 3-0, меч на кој во главна улога беше Дијана Бошковиќ.
Извонредната српска одбојкарка имаше бројни извонредни потези во финалето, мечот за титулата го заврши со 24 освоени поени, а по крајот заслужено го доби и признанието – МВП на женскиот одбојкарски мундијал.
„Останав без текст, не знам што да кажам. Овој тим, овие девојки, стручниот штаб… го завршивме турнирот без пораз, многу сум горда. Благодарност до сите кои ни даваа поддршка, да го завршиме овој цел шампионат без пораз, тоа е одлична работа. Јас секогаш уживам да играм одбојка, така беше и на овој шампионат. Радувај се Србијо, а ние ќе сториме се за да славиме заедно и во иднина“, изјави Бошковиќ по освојувањето на големото признание.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА