МВР отвори постапка против Шкендија за националистички и ксенофобични пораки на дел од навивачите

Шкендија синоќа загуби минимално со 0-1 од азербејџански Карабах во првиот натпревар од 3. квалификациско коло за Лигата на шампионите.

И покрај претходните апели од страна на клубот, но и на сопственикот Лазим Дестани за стопирање на неспортското и политизирано навивање од трибините, дел од навивачите на Шкендија, оние најзагреаните, во одредени моменти од натпреварот скандираа за „Илирида“ и „Голема Албанија“ поради што е покрената постапка од страна на МВР.

Врз основа на снимен материјал, од СВР Скопје е покрената постапка, во координација со јавното обвинителство, за ширење на националистички и ксенофобични пораки.

Како што е познато, од МВР е покрената постапка и поради националистички скандирања и ксенофобични пораки и за време на кошаркарскиот натпревар меѓу Македонија и Романија во Куманово.

Се вчитува...