Кошаркарскиот натпревар од 12.коло во Првата лига меѓу Шкупи и Пелистер имал и „петта“ непосакувана четвртина. МВР информира дека се случил голем инцидент, во кој се повредени неколку кошаркари на КК Пелистер, како и двајца полицајци. Во извештајот се наведува дека навивачите ја прескокнале оградата и физички нападнале дел од актерите.
На 13.01.2018 година во 19,20 часот, во Скопје, во спортската сала „Шабан Трстена“ во која се одржувал кошаркарски натпревар меѓу кошаркарскиот клуб „Шкупи“ и кошаркарскиот клуб „Пелистер“, по завршување на натпреварот, од трибините каде што биле навивачите на домашниот клуб, била фрлена петарда кон клупата каде што седеле играчите на кошаркарскиот клуб „Пелистер“.
Тие кои потоа возвратиле со фрлање пластично шише полно со вода кон навивачите на кошаркарскиот клуб „Шкупи“. Потоа навивачите на кошаркарскиот клуб „Шкупи“ ја прескокнале оградата од трибината и нападнале неколку играчи од КК „Пелистер“.
Со повреди се здобиле техничкиот раководител на клубот и еден од играчите.
При интервенцијата за спречување на насилството, повредени се двајца униформирани полициски службеници.
Веднаш бил известен Јавен обвинител. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА