МЗТ без проблеми против МКК Куманово, Шкупи убедлив со Вардар

Aктуелниот шампион на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром полесно од очекуваното стигна до нова победа во Првата лига откако вечерва славеше на гостински терен кај МКК Куманово со 67-83 во меч од 15. коло.

Гостите подобро го отворија натпреварот и веќе по првите десет минути имаа предност од седум поени 19-26. Таа до полувреме изнесуваше и девет (33-42). Во вториот дел разликата само се зголемуваше за конечни  67-83. Бојан Крстевски со 26 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените недоволни беа 28 поени на Тадија Тадиќ.

До лесна победа стигна и Шкупи кој го прегази Вардар со 95-115. Секој Сила беше неверојатен кај гостинот откако натпреварот го заврши со 46 поени и 24 скока. Кај поразените Настовски постигна 24 поени.

Се вчитува...