МЗТ Скопје уште еднаш го покажа шампионскиот капацитет и менталитет, откако рутински стигна до победа од петнаесет поени разлика над Пелистер на стартот од финалната серија во плејофот.
Битолчани дадоа се од себе, но овој тим на МЗТ поседува премногу искуство и квалитет за да дозволи изненадување. „Металците“ трпеливо ги чекаа своите пет минути, а кога противникот влезе во мини-криза, избраниците на Петровиќ направија серија со која стигнаа до двоцифрено водство, што им овозможи рутински да го контролираат резултатот до самиот крај.
Јасно е дека Пелистер нема да се предаде без борба, но аеродромци со она што го покажуваат во последните два месеци со улога на големи фаворити влегуваат во преостанатиот дел од оваа финална серија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА