МЗТ е повеќе од клуб: Капитенот со куп-трофејот во посета на болен навивач

МЗТ Скопје во голем стил стигна до нов куп-трофеј, но аеродромци потоа на уште подобар начин ја покажаа својата големина како колектив и гордост на спортски Аеродром.

Имено, претставници на МЗТ предводени од капитенот Дамјан Стојановски заедно со новиот трофеј беа во посета на еден од најголемите навивачи на „металците“, Ристе Божиновски – Мачор, кој води тешка животна битка.

Божиновски имаше можност од болнички кревет да го крене новиот куп-трофеј на МЗТ, а од претставниците на клубот доби и златен медал, идентичен како и сите оние што се најдоа на градите на кошаркарите и членовите на стручниот штаб.

Се вчитува...