МЗТ ги собра наградите: Дамјан е број 1 во 2025, Атанасов – тренер на годината

Раководството на МКФ ја прекина традицијата на церемонија да ги доделува наградите на најдобрите за секоја календарска година, пв овојпат признанијата ги „протна“ за време на олстар мечот.

Очекувано, МЗТ Скопје како тим што доминираше ги зеде главните награди, Дамјан Стојановски повторно беше избран за играч на годината, додека Васко Атанасов ја доби наградата за најдобар тренер.

Кошаркарот на Работнички, Стојан Ѓуроски ја доби наградата за најдобар стрелец.

Во младинска конкуренција, најдобар играч во М18 лигата е Дамјан Данев од КК Вардар, најдобар играч во М16 лигата е Михаил Анѓеловски од Водно Санс, најдобар играч во М14 лигата е Рон Јетиши од Работнички.

Се вчитува...