И дефинитивно Македонија ги загуби сите шанси да има свој претставник во втората фаза од годинашната сезона во АБА 2 лигата. Откако од претходно своите шанси ги загубија Работнички и Пелистер и третиот македонски претставник, МЗТ Скопје ќе ја заврши својата јадранска авантура во првата фаза.
Цедевита вечерва стигна до голема победа на гостувањето во Словенија кај Хелиос Домжале од 78-80 и со тоа стави крај на сите надежи на нашиот шампион дека може да се надева за враќање во елитата во јадранската лига.
Цедевите одигра неверојатна последна четвртина во која успеа да се врати од негатива од минус десет и на крајот да стигне до конечен триумф од 78-80. Џероум Иди со 18 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените недоволни беа 24 поени на Блаж Махковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА