Македонскиот вицепрвак МЗТ Скопје Аеродром стигна до 11. победа во АБА 2, совладувајќи го Зрињски во „Јане Сандански“ со 97-75. Тимот на Ѓорѓи Кочов имаше негатива од еден поен (27-28) по првата четвртина, но потоа заигра многу подобро и на одмор замина со пет поени предност (46-41).
Во третиот период „металците“ ја обезбедија клучната разлика, добивајќи го 27-16, по што рутински го приведоа мечот до крајот со сигурен трриумф.
Андрија Бојиќ со 26 поени беше најефикасен во победничиот тим, Андреј Магдевски беше стрелец на 17 поени. Во составот на Зрињски, Марко Шутало постигна 16 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА