МЗТ го совлада Куманово и во првенството, Гостивар ја доби драмата со Работнички

Само неколку дена по победата во Купот на Македонија во финалето над Куманово, кошаркарите на МЗТ го совладаа противникот и во првенството со 72-56 на гостински терен.

Победникот од овој меч беше решен после првиот дел, кога „металците“ се стекнаа со солидна предност, која во продолжението успеаја да ја одржат и на крајот ад не дозволат никакво изненадување.

Луковиќ кај Куманово со 18 поени беше најефикасен, додека кај МЗТ МекКејден постигна 14.

Гостивар, пак, на свој терен го совлада Работнички со 68-66 во драматична завршница. Мечот беше интересен и крајно неизесен, се решаваше во последните мигови, откако двата тима неколку пати во текот на натпреварот се менуваа во водството.

Во последните моменти, Работнички имаше водство од 63-65, но потоа гостиварци беа со посилни нерви, успеаја да го свртат резултатот во своја корист и на крај да се радуваат.

Рикиќ кај Работнички беше најефикасен со 21 поен, а Црниќ кај Гостивар постигна 19 поени.

Кошаркарите на Маџари со 91-81 славеа на гостувањето во Кавадарци кај Тиквеш. Гостите благодарение на одличниот втор дел успеаја да победат, благодарение на Амстронг кој постигна 28 поени. Минси кај Тиквеш беше најдобар со 27.

Се вчитува...