МЗТ и Работнички на мегдан за враќање на сјајот на вечното дерби!

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички вечерва од 18 часот во „Јане Сандански“ во вечното македонско кошаркарско дерби за нов чекор за враќање на големата дерби пресметка.

Јасно е дека МЗТ ја носи големата фаворитска улога, но овие натпревари секогаш носат сериозна доза на неизвесност токму поради ривалитетот меѓу двете екипи.

„Покрај сите случувања во и околу македонската кошарка, сега е моментот повторно да се обединиме и да покажеме дека сме едно плаво-бело семејство! Ги повикуваме сите навивачи и симпатизери на гордоста на Аеродром, но и сите останати кошаркарски вљубеници да дојдат во салата и заедно да го вратиме сјајот на дербито МЗТ Скопје – Работнички. Да го направиме ова дерби она што отсекогаш било – празник за кошарката!“ – се вели во повикот на „металците“ за полни трибини денеска во „Јане Сандански“.

Се вчитува...