МЗТ извлече тесна победа против Куманово

МЗТ Скопје Аеродром забележа тесна победа од 76-70 над Куманово во последниот натпревар од осмото коло во домашниот кошаркарски шампионат. Вицепрвакот ја извлече победата во последните минути од средбата откако кумановци испуштија и десет поени предност од стартот на завршниот период.

Дарко Соколов кој претходно немаше поени, на минути и пол пред крајот постигна клучна тројка по која МЗТ тргна кон успехот.

Куманово имаше контрола над резултатот уште од почетокот на сребата, одржуваше предност кој од три поени по првата четвртина, МЗТ успеа само да ја намали на еден поен добивајќи го вториот сегмент. Во второто полувреме кумановци, ја зголемија позитивата откако беа подобри во третата четвртина, а дојдоа и на највисоки 10  поени веднаш на стартот од завршниот период со серија од 5-1.

МЗТ успеа да го одведе натпреварот во неизвесен финиш, ја анулираше негативата и со израмнети 68-68 тимовите влегоа во последните четири минути, а потоа МЗТ беше поснаодлив во завршницата и ја забележа шестата победа во сезоната.

Вицешампионот имаше лоша шутерска вечер и погоди само шест тројки во 30 обиди.

Лестер Медфорд со 13 поени и Иве Иванов со поен помалку беше најефикасни кај победникот. Филип Думиќ со 21 поен беше најпрецизен на натпреварот.

 

 

 

 

.

Се вчитува...