Кошаркарите на МЗТ Скопје со победа ги стартуваа подготвителните пријателски натпревари за новата сезона. „Металците“ денеска ја совладаа Бора во Приштина со 82-79.
Мечот беше исклучително тесен и неизвесен, а на крајот тимот од Аеродром дојде до триумфот со подобра игра во последните пет минути.
Чарлс Гил, новото засилување на МЗТ Скопје имаше одличен почеток во дресот на македонскиот првак, и на оваа средба постигна 31 поен. Илајџа Мекејден даде 18, а Магдевски 11 поени.
МЗТ на 13-ти септември игра меч против Гостивар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

