МЗТ Скопје ги одржа теоретските шанси за опстанок со заслужената победа над Задар, која ги остави аеродромци во игра во борбата за бегство од последното место на табелата кое значи преселба во АБА2.
Катастрофалниот пораз од Борац во Чачак беше оставен зад себе со извонредното прво полувреме, потоа следеа осцилациите и падот на концентрација кои многу често сезонава ги чинеше триумф „металците“, но најважно од се сепак е што не беше дозволен целосен пресврт од гостите.
Кошаркарите на МЗТ јасно ставија до знаење дека ќе се бори до последната капка пот, но и на нив им е јасно дека за триумф следниот викенд во Сплит ќе мора да одиграат перфектни 40 минути, а не само едно полувреме како денеска….
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА