МЗТ Скопје со серија од четири победи го заврши настапот во Супер-лигата, во позитивна атмосфера дочекувајќи го плејофот и пресметките со незгодната Блокотехна. Актуелниот првак денеска за противник го имаше Охрид, меч на кој избраниците на Ѓорѓи Кочов одиграа рутински и заслужено славеа со резултат 94-67.
Охриѓани успеаја да парираат во стартната четвртина (18-18), а потоа во вториот период МЗТ Скопје набрзина поведе со 29-22. Гостите до крајот на полувремето намалија на 39-35, но потоа домашниот состав во второто полувреме веќе во 23. минута стигна до првото двоцифрено водство (46-35), по што аеродромци до самиот крај воопшто не дозволија победата да им биде доведена во прашање.
Единствено младиот Настовски не се запиша меѓу стрелците за актуелниот првак, во чии редови најефикасни беа Спасојевиќ со 19 и Бојиќ со 13 поени. Најефикасни во редовите на Охрид, во последниот сезонски меч за оваа екипа, беа Ахметбашиќ со 17 и Глигоријевиќ со 16 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА