МЗТ му пушти на Чаир една четвртина а потоа му дозволи само 29 поени во цели три четвртини

Кошаркарите на МЗТ Скопје запишаа лесна победа од 76-48 против Чаир во 11. коло од Првата македонска кошаркарска лига.

„Металците“ беа лабави единствено во првата четвртина која Чаир ја доби со 16-19, а потоа домашните кошаркари им дозволи во  цели три четвртини вкупно само 29 поени на гостите.

Втората четвртина заврши во корист на МЗТ од 25-6, третата со 18-14 и четвртата со 17-9 за македонскиот шампион.

Смит-Мекевен беше најефикасен кај МЗТ со 17 поени, Гил заврши со 11 поени а Дејвис со 10 поени. Кај Чаир се издвои Тачи со 12 поени и шест асистенции.

Се вчитува...