Кошаркарите на МЗТ Скопје денеска во 18 часот му гостуваат на тимот на Цедевита Јуниор, во рамките од второто коло во АБА2 лигата. „Металците“ во првото коло славеа над Теодо, но денеска за ривал имаат поквалитетен ривал.
Цедевита Јуниор во првото коло загуби на домашен терен од Хелиос Домжале, но хрватскиот тим важи за исклучително опасна екипа, особено ако биде потценета. Впрочем, ланската сезона во АБА2 почна токму со дуел меѓу МЗТ и Цедевита јуниор, што хрватскиот тим го доби со 92-79, меч од кој што сигурно ќе бидат извлечени поуки пред денешниот антпревар.
„Сезонава ја почнавме добро, но свесни сме дека можеме и мораме уште подобро. Против себе имаме квалитетен противник кој негува брза кошарка, стил на кој ќе мораме да најдеме начин да му парираме. Тренираме добро, веруваме во сопствените можности и сигурен сум дека ако се држиме до планот за игра ќе дојдеме до посакуваната цел, а тоа е победа“, изјави тренерот Васко Атанасов.
Македонскиот првак со автобус допатува во Загреб, а по овој натпревар ќе се упати кон Битола каде в сабота ќе го игра големото дерби против вицешампионот Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА