МЗТ на победа до нова титула (ФОТОГАЛЕРИЈА)

МЗТ со нова победа над Пелистер 80-75, дојде до 2-0 предност во финалната серија, и се најде на победа до нова титула во македонскиот шампионат. МЗТ може да ја освои веќе на третиот меч во Битола. Вечерва МЗТ имаше проблеми само во првата четвртина, која одлично ја отворија гостите, меѓутоа „металците“ водени од својата публика, успеаја да го свртат резултатот во своја корист, и таа предност да ја задржат до крајот.

Иако Пелистер одлично почна, и беше супериорен во првата четвртина, водејќи двапати по 14 разлика (6-20 и 8-22), сепак, МЗТ полека се „будеше“ од сонот и заигра далеку подобро во финишот во првите 10 минути, па успеа да намали од разликата и стигна само до пристојни -6, за во втората делница да дојде и до предност, добивајќи ја втората четвртина со 30-21, за предност на полувремето.

„Металците“ продолжија во ист стил и во третиот период, за да стигне до 10 поени предност во еден момент. Во финишот од средбата Пелистер успеа да дојде до три поени разлика (76-73), но домашните беа присебни во финишот, а Пелистер промаши неколку шута, и не успеа да се врати во мечот.

Костоски од Пелистер беше најефикасен на средбата со 17 поени, додека Танасковиќ кај МЗТ беше најдобар со 16 поени и 12 скока.

Се вчитува...