МЗТ на „прошетка“ низ Битола

МЗТ Скопје рутински си ја заврши работата на гостувањето во Битола, триумфирајќи со убедливи 64-97 над Пелистер во последното коло во пресрет на Супер-лигата.

„Сино-белите“ делуваа надмоќно на теренот, од самиот старт на мечот покажаа кој е кој на овој натпревар, во ниту еден момент не дозволувајќи дилеми околу победникот. Првото двоцифрено водство беше забележано на стартот од првата четвртина (9-20), по што овој дел од мечот заврши со убедливи 13-28 за шампионот. Избраниците на Лукајиќ одиграа уште поимпресивно во втората четвртина, добивајќи ја со 11-32, за потоа без многу мака да го одржуваат водството се до конечните „плус 33“ на крајот од средбата.

Дарко Соколов одигра одличен меч со 18 поени и само едно промашување, Дамјан Стојановски постигна 17, а Марко Симоновски 13 поени за МЗТ Скопје. Најдобри поединци кај Пелистер при денешниот пораз беа Голубовиќ со 18 и Трсунов со 14 постигнати поени.

Се вчитува...