МЗТ Скопје се зацврсти на врвот на прволигашката табела откако актуелниот првак лесно и убедливо славеше над Вардар со 88-66. Тоа беше меч во кој аеродромци важеа за апсолутни фаворити, а тренерот Атанасов ја искористи можноста за да одмори дел од клучните кошаркари (Војдан Стојановски и Бојан Крстевски одиграа по пете минути) и да им даде поголема минутажа на помладите кошаркари во таборот на МЗТ.
Победникот беше решен уште од самиот почеток, „металците“ веќе во 4. минута стигнаа до првото двоцифрено водство (14-4), по што позитивата беше лесно контролирана. На одмор се замина со предност на МЗТ Скопје од 53-28 по поените на Миловановиќ, за остатокот од мечот да мине во израмнета игра во која победата на фаворитот во ниту еден момент не беше доведена во прашање.
Миловановиќ со 16 и Андоновски со 12 поени ги предводеа стрелците во таборот на МЗТ, додека најефикасен кај Вардар беше Јилмаз со 13, пред Марјановиќ со 11 постигнати поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА