Кошаркарскиот вицепрвак на Македонија. МЗТ Скопје Аеродром за петтата победа во низа во АБА 2 лигата ќе треба денеска (18 часот) да забележи победа на гостувањето кај Динамик во Белград во дуелот од 19.коло. Ако ја продолжи триумфалната серија, МЗТ ќе се врати на втората позиција на табелата. Противникот имаше одлична резултатска серија од шест успеси во регионалното натпреварување се до поразот во претходната рунда од Спарс, директниот конкурент на МЗТ за вторто место.
„Динамик е екипа која игра одлична кошарка во последно време. Тоа е тим кој располога со голем физички талент и кој игра агресивно во одбрана. За разлика од почетокот на сезоната, сега имаат и поголема самодоверба што ги прави поопасен противник. Ние во мечот влегуваме со свои математики и ќе се обидеме да ги искористиме нивните слабости. Ако сме максимално агресивни во дефанзивата, ако не дозволиме да бидеме натскокани и ако успееме да го исконтролираме нивниот зонски пресинг, тогаш мислам дека имаме шанса за триумф кај овој исклучително квалитетен и млад противник“ – вели во пресрет на натпреварот, предводникот на МЗТ, Ѓорѓи Кочов.
Првиот натпревар, во Скопје, МЗТ го доби со десет поени разлика. По вечерашниот дуел МЗТ ќе биде на пауза од обврските во АБА 2 лигата поради битките во Купот на Македонија и поради репрезентативниот прозорец за последните квалификациски натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

