МЗТ одигра фантастично – и покажа дека местото му е во АБА1 (фотогалерија)

МЗТ Скопје стигна до првата победа во овогодишното издание на АБА лигата, а воедно и првата по четири години отсуство од елитното регионално првенство откако на домашен терен славеше со убедливи 92-79 против Студентски Центар. Аеродромци немаа среќа во ждрепката за сезоната која им донесе три натпревари против три претенденти за титула на отварањето, но во многу важен натпревар за исполнување на амбициите – опстанок на „Јадранот“ одигра фантастично поготово во второто полувреме.

Во него четата на Александар Петровиќ беше на врв на задачата во одбраната, реализираше со висока успешност и во нападот па двоцифрената предност стекната во третата четвртина беше невозможно да се загуби со поддршката на домашната публиката која на овој натпревар не присуствуваше во преголем број како против Партизан, но му даде елан на македонскиот шампион.

 

 

Се вчитува...