МЗТ подобар од Гостивар во првата контрола

МЗТ Скопје Аеродром го победи Гостивар на гостински терен со 75-69 во пријателски натпревар кој е прв од серијата подготвителни контроли за двете екипи. Клучна за победата на вицепрвакот беше одличната игра во првата четвртина, во која МЗТ дојде до двоцифрена позитива.

Тренерот Ѓорѓи Кочов им даде шанса на сите 15 кошаркари кои му беа на располагање. Американецот Џејмс Вудард со 17 поени беше најефикасен во составот на МЗТ Скопје Аеродром, додека Андрија Бојиќ и Андреј Магдевски реализираа по 11 поени. Кај Гостивар наједикани беа Тасовски и Димитриевски со по 17 оени.

„Металците“ следните два пријателски дуели ќе ги одиграат в петок и сабота, и тоа на домашен терен против бугарскиот шампион Левски Лукоил.

фото: gostivarpress.mk

Се вчитува...