Македонскиот кошаркарски вицешампион МЗТ Скопје Аеродром загуби во денешниот втор контролен меч против бугарски Левски Лукоил (80-91), во кој тренерот Ѓорѓи Кочов им даде голема минутажа на помладите во составот.
Гостите триумфот го осигураа во втората четвртина, во која имаа одличен шут од далечина. Во останатите делови од мечот се играше рамноправно.
Со 14 поени, американецот Џејмс Вудард беше најефикасен кај МЗТ, Андреј Маслинко реализира 12 поени со девет скока, додека Андрија Бојиќ реализира 10 поени. Младеновски беше стрелец на осум поени, Андреј Магдевски и Соколов постигнаа по седум поени, Лестер Медфорд запиша шест поени, а Мамузиќ добрата игра ја круниса со четири поени.
МЗТ Скопје од понеделник продолжува со подготовките за новата сезона во салата „Јане Сандански“, но без репрезентативците кои поради настапи за националниот тим ќе отсуствуваат од тренизните.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА