Актуелниот шампион на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром го продолжи договорот со првиот тренер Васко Атанасов, кој и во новата сезона ќе го води клубот од скопската населба.
Атанасов ја презеде оваа функција во финишот на сезоната 2022/23, од кога освои три шампионски титули (2023, 2024, 2025), како и по два пати освоени Купот на Македонија (2024, 2025) и Суперкупот (2023, 2024).
„Горди сме што со продолжувањето на соработката обезбедуваме континуитет, стабилност и амбиција за уште поголеми успеси во сезоните што следат. Воедно, потврдуваме дека дел од стручниот штаб ќе останат и неговите помошници Дејан Србиновски и Тино Даневски, како и Филип Босилков, кој ќе се грижи за кондициската подготвеност“, стои во соопштението од МЗТ Скопје.
Од клубот најавуваат дека во следниот период ќе ги претстават и новите засилувања заедно со кошаркарите кои ќе останат во тимот и за следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

