МЗТ повторно подобар од ТФТ, на чекор до нова титула

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром поведоа со 2-0 во финалната серија во македонскиот шампионат, откако вечерва на домашен терен славеа против ТФТ со 87-82.

Гостите од Тафталиџе на неверојатен начин го отворија мечот. Буквално погодуваа од секоја позиција, а по десет минути игра имаа и двоцифрена предност од 17-27.

Актуелниот шампион подобро го отвори вториот период, посебно во фазата на одбрана. Во воведниот дел му дозволи на противникот само пет поени, па во 15 минута стигнаа на само минус три 29-32. До крајот на првиот дел гостите успеаја да ја задржат предноста и на пауза да заминат со позитива од 39-42.

Аеродромци одлично го отворија вториот дел. Успеаја да ги намалат грешките и со одлична игра пред се во одбраната по три четвртини да направат целосен пресврт (61-53). До крајот домаќините го исконтролираа мечот за конечен триумф од 87-82 и водство од 2-0 во финалната серија.

Деон Едвин со 25  поени беше најефикасен во таборот на победникот, додека Крстевски постигна 17, а Војдан Стојановски 13 поени. Кај поразените недоволни беа 25 поени на Закари Браун.

Се вчитува...