Втората АБА лига ќе стартува на 27.септември, гласи одлуката на менаџментот на регионалната лига која е донесена на состанокот одржан во Загреб. Во главниот град на Хрватска е договорено во АБА 2 по регуларниот дел од првенството да следи плејоф, а не како што беше минатата сезона, завршница со Ф4 турнир.
Во однос на сезоната 2017/18, во натпреварувањето ќе се најдат четири нови тима, МЗТ Скопје, Хелиос Домжале, Спарс и Сутјеска. Тие ќе се приклучат на екипите кои и минатата сезона беа дел од АБА 2, Борац Чачак, Динамик, Ловќен, Приморско, Рогашка, Сплит, Вршац и Зрињски.
Сезоната треба да стартува на 27.септември, а лигашкиот дел ќе заврпи на 13.март 2019 година. Потоа ќе се следи плејоф, а првопласираниот тим, според сегашните правила, ќе обезбеди пласман во АБА – лигата.
Минатата сезона Крка беше најдобра и се пласираше во АБА, од каде испадна МЗТ Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА