Македонскиот кошаркарски вицеправак, МЗТ Скопје Аеродром во првиот вооопшто бараж во АБА лигата се соочува со Задар за место во најсилната конкуренција од јадранското друштво. Претпоследнопласираниот во АБА со вицепрвакот на АБА 2 ќе се борат за позиција која ќе овозможи сезона во елитната конкуренција. МЗТ во разигрувањато од АБА во полуфиналето го мина Спарс, но потоа беше прегазен од Приморска во финалната серија.
Задар сезоната ја заврши со седум победи, додека МЗТ во АБА 2 оствари 15 триумфи, но во меѓусебните дуели хрватскиот тим кој го предводи екс-тренерот на МЗТ, Анте Назор е подобар, особено во мечевите на негов терен. 7-5 е вкупниот биланс во корист на Задар кој има 5-1 на свој паркет.
„Задар е одлична екипа со квалитетни поединци кои имаат големо искуство. Натпреварот ни доаѓа во незгоден момент во период на средби според НБА-ритам, но верувам дека сите во мојот тим ја знаат важноста на овој дуел и дека ќе дадат и повеќе од максимум како во напад така и во одбрана. Само со таков борбен пристап ќе може да се надеваме на позитивен исход на гостувањето кај тим каков што е Задар“ – вели пред натпреварот тренерот на МЗТ, Ѓорѓи Кочов.
МЗТ во баражот влегува по неприајтанта елиминација од Блокотехна во полуфиналето на домашниот Куп и загубата на трофејот во ова натпреварување.
„Свесни сме дека пред нас е тешко гостување, против квалитетен тим за кој играат искусни коашркари. Ќе одиграме најдобро што можеме и се надевам дека тоа ќе биде доволно за толку посакуваниот брејк“ – порачува пред натпреварот Лестер Медфорд.
Серијата подобар од три ќе се игра наизменично, вториот меч ќе биде во Скопје следната среда, а евентуалната мајсторка повторно на теренот на Задар на 30 април.
.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА