Убедливиот лидер на табелата во АБА 2 лигата, Примиорска е првиот предизвик во 2019 година за македонскиот кошаркарски вицешампион, МЗТ Скопје Аердором(18.00 ч.). За МЗТ гостувањето на силниот словенечки состав доаѓа во ситуација во која тимот од „Јане Сандански“ е без еден од клучните играчи, Лестер Медфорд кој поради скршеница на дланката ќе отсуствува еден месец. На дуелот МЗТ ќе биде и без Андреј Маслинко и Љубомир Младеновски.
„Се наоѓаме во најтешка ситуација до сега. На списокот на повредени кошаркари се најде и Медфорд, а секој кој изгледал барем една наша средба знае колку тој е важен за нашиот тим. Згора на тоа, сѐ уште не можеме да сметаме на Младеновски и на Маслинко, што дополнително ја отежнува нашата ситуација. Единствено позитивно е што играме дома и ја користам можноста да ги повикам сите навивачи на МЗТ Скопје да дојдат и да ни ја дадат поддршката кога ни најмногу потребна. А, ние ќе излеземе на терен и ќе дадеме сѐ од себе за да победиме во овој исклучително важен меч за нас“ – вели тренрерот на МЗТ, Ѓорѓи Кочов.
На првиот сезонски натпревар, МЗТ загуби по продолжение со 91-84.
„Приморска е убедливо најдобриот тим во АБА 2, што најдобри се гледа по убедливата лидерска позиција на табелата со само еден пораз. Ние пак сем во исклучително тешка ситуација бидејќи повредените ни го десеткуваат тимот. Но, ќе одиграме најдобро што можеме за да додјеме до посакуваната цел“ – вели пред натпреварот Џејмс Вудард.
Во пресрет на меѓусебниот дуел, Приморска има биланс од 12 победи и само еден пораз, МЗт ја следи, на втората позиција со ефект од девет победи и четири порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА