Навивачите и симпатизерите на МЗТ Скопје Аеродром ќе можат да го следат атрактивниот меч против Црвена Звезда во АБА-лигата, по цена од 100 денари, објави македонскиот првак на својот официјален сајт. Натпреварот ќе се одигра на 22.јануари, наредниот понеделник, со почеток во 18 часот.
Влезниците се пуштени во продажба, а може да се купат на касата при спортскиот центар „Јане Сандански“, како и онлајн преку интернет-страницата http://ticketplus.mk/.
МЗТ Скопје Аеродром вчера успеа да ја совлада Цибона во Загреб и ги врати надежите за опстанок во јадранското натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА