Иако во текот на целиот меч имаше предност над тимот на Шенчур, МЗТ стравуваше до крај за победата во АБА 2. Меѓутоа успеа да дојде некако до неа благодарение на тројката Расел кој погоди во последните мигови и така стигна до триумфот во салата во Нови Сад. На крајот победа од 73-75.
МЗТ ја имаше контролата на играта и на резултатот. На полувремето замина со предност од четири поени разлика, а по третиот период имаа и +12. Меѓутоа во последниот период се опуштија, а Шенчур ја „стопи“ разликата, па дојде и двапати до предност во финишот.
Но, дефинитивен крај на нивните надежи стави Расел кој негативата од 73-72, ја претвори во предност 73-75 на пет секунди до крајот. Кошаркарите на Шенчур во последниот напад се сплеткаа, и не успеаја да дојдат барем до продолженија.
Расел и Танасковиќ со по 17 поени беа најефикасни на средбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА