Втората тренерска смена во македонската кошарка доаѓа од Аеродром каде Перо Блажевски повеќе не е тренер на МЗТ Скопје 2. Тимот кој минатата година блескаше и успеа да избори опстанок во „елитата“ за новата сезона претрпе големи промени во ростерот кои си го земаа данокот.
МЗТ Скопје 2 по девет одиграни кола забележа само една победа, онаа против Ангели во второто коло, а со серијата од седум порази во низа сериозно се загрози опстанокот во прволигашката кошарка. „Штркчињата“ заостануваат една победа од десеттопласираниот Куманово и три од Еуро Никел, Феникс 2010 и Кожув.
Во следното коло составот од Аеродром силите ќе си ги одмери со Куманово во дуел кој ќе биде од огромно значење за враќање на посакуваниот пат. Како опција за наследник на легендарниот кошаркар се јавуваат неколку имиња, а кој ќе биде предводник на тимот на овој меч останува да видиме.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

