Актуелниот шампион МЗТ Скопје нема да смета на услугите на Андреј Маслинко до крајот на сезоната. Повредата на скочниот зглоб на младиот играч е сериозна, ќе мора да оди на операција која што рехабилитација ќе го оддели од паркетот неколку месеци.
Ова е голем удар за клубот, но и за 23-годишното крило кое по доаѓањето во МЗТ Скопје од сезона во сезона игра се подобро. Во претходната сезона, Андреј Маслинко бележеше просек од 10.8 поени, 6.0 скока и 1.2 асистенции на 15 одиграни средби во домашното првенство, како и 6.0 поени и 5.0 скока на 22 натпревари во АБА2 лигата.
Добри вест за аеродромци е враќањето на Бојан Крстевски кој веќе е во тренажен процес. Центарот на „сино-белите“ нема да настапи на следниот предвиден дуел за МЗТ Скопје, против Еуро Никел, а неговото враќање на теренот се очекува за две недели.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА