Кошаркарскиот шампион на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром стигна до нова победа на домашната сцена откако вечерва славеше на гостувањето кај Ангели со 55-78 во натпревар од третото коло од новата сезона во Првата лига.
Аеродромци тргнаа фуриозно уште од самиот старт и веќе по десет минути игра имаа двоцифрена предност 12-26. Оваа разлика ја задржаа и во вториот период, па по дваесет минути игра резултатот на семафорот изнесуваше 29-44.
Во вториот дел избраниците на Васко Атанасов само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 55-78. Илајџа Мекејден со 15 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Ибраими, Балов и Атанасов постигнаа по девет поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

