Кошаркарите на МЗТ Скопје запишаа убедлива победа од 85-66 во полуфиналето на интернационалниот турнир „Земун Куп 2022“ во Белград, Србија.
Македонскиот шампион беше доминантен на паркетот во Белград во ниту еден момент не доведувајќи ја победата на денешниот дуел под знак прашалник. Откако првата четвртина беше добиена со 23-20, потоа следеше убедлив втор период од 23-12, за предност од 14 поени на полувремето (46-32).
Иста приказна на паркетот и во второто полувреме, на крајот и за конечна победа од 85-66.
Најефикасен во триумфот на македонскиот тим беше Самет Јигитоглу со 19 поени, Мајк Кефи го заврши мечот со 13 постигнати поени, а Страхиња Мичовиќ постигна 10 поени.
Во утрешното финале МЗТ Скопје ќе игра против екипата на Младост Земун која во првото денешно полуфинале триумфираше против Вршац со 89-78.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

