МЗТ Скопје е прв финалист на меморијалниот турнир „Андреј Грковски – Тафта“

Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром се првите финалисти на меморијалниот турнир „Андреј Грковски – Тафта“ кој се игра во чест на преранопочинатиот фан на клубот од скопската населба Тафталиџе, ТФТ.

Аеродромци во првото полуфинале во интересен дуел славеа против Тиквеш со 71-67. Илајџа Мекејден со 20 поени, 4 скока, 3 украдени топки беше прво име во таборот на победникот.

Во второто полуфинале домаќинот на турнирот ТФТ ќе игра против Тиквеш.

Се вчитува...