Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија МЗТ Скопје Аеродром е првиот учесник во полуфиналето во Првата лига по добивањето на серијата против Кожува со 2-0, откако по првиот меч во Скопје, вечерва славеа и во Гевгелија со 81-95.
Првиот натпревар по заминувањето на Драган Николиќ кој поради инцидентот што го направи на првиот меч од оваа серија „металците“ предводени од Васко Атанасов повторно одиграа тежок меч против жилавите гевгеличани.
Првата четвртина помина во израмнета игра на двете страни и по десет минути резултатот на семафорот изнесуваше 23-23. Во вториот период кој исто така донесе голем број на поени актуелниот шампион беше за нијанса подобар па на полувреме замина со предност од два поени 45-47.
Домаќините заиграа многу подобро на стартот на вториот дел. Брзо го презедоа водството и поведоа со плус четири (57-53). До крајот на овој период избраниците на Атанасов успеаја да израмнат и во последните десет минути мечот да влезе во егал 65-65.
Во последниот период актуелниот шампион конечно заигра на ниво и со одлилна игра во одбраната успеа на крајот да стигне до конечен триумф од 81-95 и пласман во полуфиналето од македонското првенство.
Војдан Стојановски со 25 поени беше прво име кај победникот, додека со 23 го следеше Бојан Крстевски. Кај поразените Гордон постигна 21 поен, а го следеа Ризвиќ со 16 и Главчев со 15 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

