Актуелниот шампион на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром стигна до трофејот на меморијалниот турнир „Андреј Грковски Тафта“ откако вечерва во финалето славеше над ТФТ со убедливи 81-56.
Аеродромци сите дилеми околу победникот ги разрешија уште во првото полувреме кое го добија со убедливи шеснаесет поени разлика (41-25). До крајот разликата само се заголемување за конечни 81-56.
Андреј Магдевски беше најефикасен кај шампионот со 15 поени, седум скокови и четири асистенции, додека Георги Зафиров постигна 11 поени, еден скок и една асистенција за ТФТ. Третото место на турнирот го освои екипата на Работнички, откако во утешниот меч го совлада Кожув со 89-80.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА