Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром го завршија годинашниот настап во АБА 2 лигата со пораз од Широки Брег по две продолженија со 111-109 во последното коло од регуларниот дел од сезоната.
Иако аеродромци успеаја да се вратат од негатива од 17 поени (57-40) и можеа да победат бидејќи во финишот имаа предност од 86-90, сепак поради тоа што им беше потребна победа од 15 разлика решија да одат на продолженија како би успеале да стигнат до оваа позитива. Првото продолжение повторно помина во егал па со резултат 102-102 се замина и во второ продолжение од пет минути.
Таму домаќините беа за нијанса подобри и славеа со 111-109. Илајџа Мекеден со 30 поени беше најефикасен во таборот на македонскиот тим, додека кај победникот Александер Трајс постигна 33 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

