МЗТ Скопје и фановите: „Металците“ ја прославија деветтата титула со најверните (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кошаркарите и членовите на стручниот штаб на МЗТ Скопје денеска во својата сала „Јане Сандански“ во Скопје ја поделија радоста со сите свои фанови и верни навивачи за освоената деветта титула во десетте последни сезони во македонскиот кошаркарски шампионат.

Вистинска доминација на „металците“ на домашната кошаркарска сцена која на убав начин денеска одбележана со најверните фанови кои не ја пропуштија можноста да се фотографираат со пехарот и со своите миленици.

„Деветтата титула е во клупските простории. Но, таа немаше да се најде таму да не беше помошта што ја добивавме од трибините, од тие во чии вени тече сино-бела крв. За нив, но и за сите други спортски вљубеници е оваа дружба и можност за фотографирање со пехарот и со нашите кошаркари и тренери. Пресреќни сме што уште еднаш ги направивме среќни сите наши верни навивачи и симпатизери“ – порачаа од таборот на МЗТ Скопје.

 

Се вчитува...