МЗТ Скопје и Куманово забележаа нови победи во домашното првенство, очекувано триумфирајќи во пресметките со Струмица, односно Карпош соколи.
„Металците“ во вторник во АБА-лигата му гостуваат на тимот на Мега Бемакс, а денешниот дуел со струмичани им послужи како лесен тренинг на избраниците на тренерот Лукајиќ (96-54). Стратегот на МЗТ повторно им даде шанса и на помладите кошаркари на актуелниот шампион, а најефикасен беше Бојан Трајковски со 17 поени, два повеќе од Спасојевиќ. Кај Струмица најефикасен беше Арсоски со 13 поени.
Карпош соколи продолжува своите домашни натпревари да ги игра како гостин, па „младите“ соколи вечерва загубија во Куманово со убедливи 67-94. Ниту една од четирите четвртини не заврши со двоцифрена разлика, но кумановци целосно го контролираа резултатот и на крај заслужено славеа убедлив триумф.
Мекиќ и Стојановски со по 16 поени и Стајиќ со 15 поени, 4 асистенции и 4 украдени топки беа клучни фигури во тимот на Александар Петровиќ, додека први стрелци кај Карпош соколи беа Петровски и Богдановски со по 13 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА