Битката за влез во АБА лигата, МЗТ Скопје и Работнички ќе ја продолжат во Бања Лука каде во салата „Борик“ од 18. до 24. јануари ќе се одигра вториот „балон“ во АБА2.
Противниците на МЗТ Скопје се Хелиос Санс, Слобода Ужице и Студентски Центар, додека пак Работнички ќе се соочи со Спарс, Горица и Златибор.
Како потсетување, аеродромци во првиот „балон“ одигран на Златибор оствари три победи и еден пораз по кои го завзема второто место на табелата, додека Работнички со половичен скор од две победи и два пораза се наоѓа на деветтото место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА