МЗТ Скопје и Работнички со ист спонзор сезонава

Вечните кошаркарски ривали МЗТ Скопје и Работнички ќе имаат заеднички спонзор во вториот дел од сезоната, дознава ЕКИПА. М-Тел пред неколку месеци официјално беше промовиран во нов главен спонзор на Работнички, а според нашите информации, српската телекомуникациска компанија наскоро ќе потпише договор за спонзорство и со актуелниот првак на Македонија.

Деталите од соработката се веќе договорени и се уште не се обелоденуваат во јавноста, истата би требало да биде официјализирана до крајот на овој месец, што секако е добра вест за аеродромци кои имаат значителни финансиски проблеми сезонава.

Вреди да се истакне дека исто како и во случајот на Работнички, соработката е договорена на „највисоко ниво“, без никаков придонес од актуелниот директор на МЗТ Скопје за кој нема да биде изненадување ако се обиде да ја прикаже за свој личен успех. Во секој случај, парите од овој договор ќе бидат добредојдени за МЗТ конечно да ги разреши проблемите и долгувањата кон играчите и стручниот штаб, за сите да можат целосно да се фокусираат само на случувањата на теренот.

Се вчитува...