МЗТ Скопје и ТФТ ги добија противниците во АБА 2

Македонските кошаркаркараски прволигаш МЗТ Скопје и ТФТ ги добија своите противници во лигашкиот дел од АБА 2 лигата.

Актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје според новиот формат налик на тој од фудбалската Лига на шампиони успеа да ги избегне најголемите фаворити Цибона и Морнар.

Аеродромци новата сезона ќе ја отворат на домашен терен против Вршац, по што следуваат две гостувања  кај Сутјеска и кај Студент. Македонскиот првак до крајот на регуларниот дел од сезоната на домашен терен ќе ги пречека Јахорина, Војводина и Подгорица, а ќе им гостува на Златибор и Широки.

ТФТ, пак, сезоната ќе ја почне на гости кај поранешниот европски првак Цибона, по што дома ќе игра против Војводина, Хелиос, Слобода Тузла и Студент, а ќе им гостува уште и на Широки и на Борац Бања Лука.

Сезоната почнува на 7. октомври, а пласман во плејофот ќе обезбедат осумте најдобри екипи.

Се вчитува...