МЗТ Скопје има можност за продолжување на доминацијата во јубилејното издание на Суперкупот

Кошаркарското Суперкуп натпреварување кое го носи името на Драган Василов – Цевка ќе ја отвори новата сезона во македонската кошарка и истото ќе биде јубилејно десетто издание. Во машката конкуренција силите ќе си ги одмерат актуелниот шампион МЗТ Скопје и освојувачот на Купот на Македонија, ТФТ, а прехар во редовите на „сино-белите“ ќе значи продолжување на доминацијата.

Аеродромци не знаат за пораз во последните три изданија на престижното натпреварување. Во 2015 година во Охрид убедливо беше совладан Работнички, година подоцна во Скопје се одигра екстра натпревар во кој „сино-белите“ беа подобри од Карпош Соколи, а лани на „Кале“, четата предводена од Радуловиќ славеше против вечниот ривал.

МЗТ Скопје е воедно и најтрофејниот тим во Супкупот на Македонија со дополнителен трофеј во 2003 година по победата над Работнички во Скопје. Единствениот трофеј кој „избега“ од рацете на аеродромци е оној во првото издание на натпреварувањето во 2000 година кога Никол Ферт пред домашната публика во Гостивар се радуваше на „ушкото“.

Никол Ферт и Работнички го следат составот од Аеродром со по два трофеја. Покрај тој во 2000 година, гостиварци се радуваа на истиот и во 2002 година, додека Работнички го освојуваше истиот во 2001 и 2011 година.

Доколку ТФТ успее да слави во утрешната средба ќе се изедначи со Струмица по бројот на трофеи во натпреварувањето. Струмичани единствениот трофеј го освоија во 2007 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ЕКИПА (@ekipa.mk)

Се вчитува...