МЗТ Скопје со уште едно рутинско издание стигна до триумф во Првата лига, славејќи на гостувањето против Вардар со убедливи 61-96, за зацврстување на првото место на табелата. Разликата во квалитет меѓу тимовите беше огромна, што му овозможи на тренерот Атанасов да ја намали минутажата на стандардните првотимци и да им даде шанса на помладите кошаркари во таборот на МЗТ, кои максимално ја оправдаа довербата.
Се беше практично решено за само десет минути игра, откако актуелниот првак ја доби првата четвртина со преубедливи 12-34. Остатокот мина во рутинска игра во која „металците“ го контролираа темпото и резултатот, чувајќи дел од силите и за наредните декемвриски предизвици во кои овој тим го очекува и нов балон во рамките од АБА2-лигата.
На крајот, заслужена победа од „плус 35“ во која најефикасни беа Петков и Баковиќ со по 13 поени, додека Ворку постигна 11 поени со шут од поле 5/5. Кај Вардар најефикасен во убедливиот пораз беше Бајрам со 17 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА