МЗТ Скопје ја најде замената за Дастин Вер (ФОТО)

Морис Кари ќе го менува Дастин Вер во МЗТ Скопје откако клубот од Аеродром денеска успеа да ја официјализира соработката со 34-годишниот плејмејкер. Американецот во редовите на осумкрантиот шампион на Македонија доаѓа по сезона помината во унгарски Капошвари, а оваа сезона „сино-белите“ се неговиот прв клуб.

Кари кој во колеџ кариерата бележи настапи за Провиденс, во „европската“ кариера покрај унгарското првенство бележи и настапи во Австрија, Бугарија, Естонија, Финска, Франција, Германија, Романија и Турција.

Се вчитува...