Натпреварувањето во новата сезона од Првата кошаркарска лига на Македонија ќе стартува со реприза на ланското финале, откако ждрепката сакаше веќе во првото коло првакот МЗТ Скопје да го пречека актуелниот вицешампион Карпош соколи. И двете екипи имаат значително променети состави во однос на лани, но остануваат главни конкуренти за титулата, па интересна ќе биде нивната прва пресметка, што ќе се одржи викендов во СЦ „Јане Сандански“.
Како што веќе беше обелоденето, со проширувањето на лигата дел од елитното друштво наместо десет ќе бидат дванаесет екипи. Гостивар обезбеди влез преку Втората лига, Блокотехна го зазеде местото на Радовиш, а од проширувањето профитираа Шкупи и Пелистер.
Покрај големото дерби, во првото коло ќе се сретнат и двата тима од Гевгелија, Кожув и Блокотехна, интересно се очекува да биде на дуелите Куманово – Работнички и Фени индустри – Гостивар, додека во последните две средби од стартната рунда Пелистер ќе го пречека Шкупи, додека Охрид ќе гостува во Струмица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА